Турскиот актер Кенан Имирзалиоглу, на нашата јавност најпознат по улогата на Езел во истоимената серија, со години ја носи титулата еден од најпосакуваните мажи.
Поминаа повеќе години од емитувањето на познатата сапуница, а многу фанови често коментираат дека актерот воопшто не старее.
Денеска ужива во семејниот живот со сопругата Син Кобал, која е 12 години помлада и заедно имаат две ќерки. Тие се запознале на снимањето на серијата заедно во 2015 година и оттогаш се неразделни.
View this post on Instagram
Покрај актерските ангажмани, Кенан работи и како водител на турската верзија на популарниот квиз „Кој сака да биде милионер?“.