Македонија учество во јавната расправа во Управниот суд

Силјановска Давкова на суд во одбрана на Законот

И на Управен суд проф. Гордана Силјановска Давкова ќе го брани ставот дека Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

Силјановска Давкова на суд во одбрана на Законот

Денеска со почеток од 14:30 часот во Управниот суд ќе се одржи јавна расправа во врска со претставката пред Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесена од кандидатката за претседателка на Македонија професор д-р Гордана Силјановска Давкова.

И на Управен суд проф. Гордана Силјановска Давкова ќе го брани ставот дека Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

ДКСК едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но АСЈО поднесе жалба до Управниот суд, кој најкасно до недела мора да се произнесе за предметот.

To top