„Гордана Силјановска Давкова ќе победи на овие избори. И ќе победи затоа што генерално расположението во Македонија е поинакво, граѓаните сакаат промена“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на ТВ 21.
„Има голем, голем пад на рејтингот на власта. Гледаме голем раст на разочарувањето кај граѓаните, граѓаните не гледаат перспектива, иселувањето е огромно, инфлација која што галопира, цени кои што се ужасни и еден куп корупциски афери“, појасни тој.
Ѓорчев додаде дека споредено со 2019-тата година, власта е во многу понеповолна позиција, а ВМРО-ДПМНЕ е во налет.
„Значи во 2019-тата година, точно пред пет години во првиот круг власта го поддржа Пендаровски и СДС, ДУИ, Максим Димитриевски. Значи имаше едноставно концентрација на гласови за Стево Пендаровски, но сепак во првиот круг Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова имаа резултат 2 – 3.000 плус минус. А, сега мислам дека загубата Пендаровски генерално за СДС за две недели ќе видиме, но јас мислам ќе биде околу 100-тина илјади гласови сигурно. Затоа што ДУИ има свој кандидат и ќе си гласаат за него во првиот круг“, рече Ѓорчев.
Тој посочи дека само со тоа СДС и Пендаровски ќе имаат значителен пад во гласовите.
„А, плус на тоа ако го додадеме падот на рејтингот од 2019-та до сега, значи ќе имаат голем пад СДС и Пендаровски“, додаде тој.
Ѓорчев укажа дека ВМРО-ДПМНЕ имаше голема победа на локалните избори. А, и според анкетите рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е значително висок.