Дафина Стојаноска, пратеник и носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6, оствари средби со лица со попреченост. Пораката која беше испратена е дека лицата со попречености не бараат милостина, туку почитување и шанса.
На средбите кои вчера ги имаше Стојаноска со здруженијата на лица со оштетен слух и вид, како и со здружението на лицата со инвалидитет „Мобилност” во Тетово, нивните барања беа во рамките на европските норми и ковенции.
Нивната порака беше: “Не може да се одлучува за нас – без нас!”