Мартин Карапалевски ќе го напушти тимот на Вардар 1961 по крајот на оваа натпреварувачка кампања.
Карапалевски си оди од „црвено-црните“, а новиот предизвик ќе биде надвор од нашите граници и тоа во Шпанија каде ќе го облече дресот на Валјадолид.
Валјадолид е состав во кој во моментов настапуваат двајца Македонци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски со тоа што овој вториот си заминува по сезонава и се сели во Аликанте.