По освојувањето на тројната круна минатата сезона, Манчестер Сити е на пат да го постигне истото и оваа сезона.
Сепак, многу играчи се веќе целосно исцрпени поради големиот број на натпревари, а меѓу нив е и шпанскиот играч за врска Родри, според сите проценки, клучен играч во тимот на Пеп Гвардиола.
На стадионот „Сантијаго Бернабе“ против Реал Мадрид го одигра 41-от натпревар во сезоната. Тоа беше трет од осумте натпревари на неговиот тим во април.
-Ми треба одмор, ќе видиме како сето ова ќе испадне на крајот. Мора да направиме некои работи, одморот е дефинитивно во план, овој ритам е страшно тежок, изјави Родри, кој пропушти четири натпревари оваа сезона поради суспензија, а Сити ги загуби сите четири!
„Небесносините“ наскоро ќе треба да одиграат првенствен натпревар против Лутон, кој ќе биде увертира за европскиот реванш на „Етихад“.
И додека сите клубови се залагаат за помалку натпревари, ФИФА најави зголемување на Светското клупско првенство, а Лигата на шампионите исто така ќе се игра во проширен формат од следната сезона.
Поради големиот број на натпревари се пожали и тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој рече дека на играчите им е тешко постојано да бидат на високо ниво, бидејќи играат премногу натпревари.
Тој рече дека Сити бил подобар во март против нив отколку сега во април, на натпреварот против Арсенал.
-Видовте како им падна нивото на игра, тоа беше поинаков тим од оној против кој игравме. Ова се случува поради премногу натпревари, изјави Тен Хаг, пренесе Би-би-си.