Европскиот парламент денеска го усвои Пактот за азил и миграција, соопшти претседателката на ЕП, Роберта Мецола.
„Усвоивме силна законска рамка за тоа како да се справиме со миграцијата и азилот во Европската унија. Се подготвуваше повеќе од 10 години, но ние го одржавме зборот. Баланс меѓу солидарноста и одговорноста. Ова е европскиот пат, изјави Мецола на социјалната мрежа „Икс“.
Претседателот на Комитетот за развој на ЕП, Томас Тобе изјави дека Европската унија „ќе ја врати контролата над надворешните граници, ќе ја намали економската миграција и ќе воспостави заедничка миграциска политика“, која, како што наведе, ќе функционира добро и ќе и одговара на Унијата на долг рок. (МИА)