Пејачката Цеца Ражнатовиќ не случајно го доби статусот на стилска икона на сцената, а денеска уште еднаш докажа зошто ја носи оваа ласкава титула.
Цеца на снимањето на Ѕвездите на Гранд се појави во бел костум со златни детали, но сите погледи сепак беа вперени во нејзините потпетици.
Имено, Цеца денеска облече сандали од Долче и Габана во бела боја со златна потпетица, а нивната цена ќе ви ја зашемети главата.
Верувале или не, штиклите на Цеце чинат дури 1.000 евра, а пејачката ги покажа новите чевли ексклузивно за Гранд.
„Сакаш да ми ги фотографираш штиклите? Еве, еве“, низ смеа рече Цеца.