Скопје

Казни за 151 возач во Скопје

Казни за 151 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет санкции некористење на сигурносен појас…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта., информира МВР.

To top