Актерката Весна Петрушевска се огласи по денешниот пожар во Универзална сала.
-Што треба да се случи за да дозволите да ви изгори единствениот симбол што остана на Скопје? Бесрамно се трошат буџетски пари за разно разни проекти, владеат бесрамници и ништожници, не потепавте со примитивизам и недоветност, земате плата од нашиот данок, само полните сметките преку тендери. Еееј, се отепавте еден по друг градоначалник за Универзална и не шетавте по керамиди! Ниту еден од вас што е на власт после ова не смее да излезе на кампања! Мрш! – напиша во својот статус на социјалните мрежи.
Пожарот во Универзална сала избувна утринава пред 10 часот.
Во врска со пожарот, МВР информираше дека се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53).
На терен интервенираа 9 противпожарни возила со 24 пожарникари.