Македонија Собрание

Анкетната комисија за случајот Онкологија ќе разгледува документација

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на скандалот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.

Анкетната комисија за случајот Онкологија ќе разгледува документација

Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Според деловникот, членовите на Комисијата имаа 30 дена за распит на сведоци, а сега започнуваат предвидените 30 дена за разгледување документација.

Ќе се дискутира по стенограмите и изјавите, документацијата, архивскиот материјал доставен од Клиниката, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Агенцијата за лекови и медицински средства – „МАЛМЕД“, изјави за МИА Рашела Мизрахи, претседателка на Анкетната комисија.

По расправата за документацијата, Комисијата треба да донесе формални заклучоци.

Останува, како што рече Мизрахи, барањето за продолжување на рокот на работата на Комисијата заради продлабочување на истрагата.

Пред Анкетната комисија сведочеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување – Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик – министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици – министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување, поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенковска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова, како и други лица и функционери.

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на скандалот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top