Македонија дополнителниот заменик министер на МИОА

Андоновски: Балансерот требаше да гарантира правична застапеност, но ја уништи стручноста и компетентноста

Андоновски дополни дека за одредено работно место, граѓанинот прво одбира националност, а институциите не ги гледаат квалитетите, туку етничката припадност.

Андоновски: Балансерот требаше да гарантира правична застапеност, но ја уништи стручноста и компетентноста

Балансерот не е темелна вредност на уставот. Алатката балансер се употребуваше за да се операционализира вработувањето на лицата во јавната администрација заради почитување на темелната вредност, соодветна и правична застапеност на припадниците на сите заедници, но таа достигна апсурд, изјави за емисијата “25 минути”, дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски.

Апсурдот кој што го напомена Андоновски се однесува на институциите. “Се изигрува законот за вработените во јавниот сектор, со доцнење на одговорот од МИОА, по основ на годишните планови, по автоматизам се дава позитивно мислење на секоја институција, па така имате институции како министерството за политички систем, каде што 95% од вработените се Албанци, а помалку од 5% се Македонци, со што добиваме комплетен дисбаланс”, појасни Андоновски.

Андоновски дополни дека за одредено работно место, граѓанинот прво одбира националност, а институциите не ги гледаат квалитетите, туку етничката припадност.

“Нашата идеја за напуштање на балансерот ќе оди во две фази. Првата фаза, враќање на балансерот на процентите кои исклучиво се однесуваат на пописот на резидентно население на Република Македонија во 2021 година. Втората фаза пак, планираме целосно укинување на балансерот, односно исклучување на оваа алатка од годишните планови за вработување. Тоа ќе биде дел од коалицискиот договор за идна соработка во Владата” потенцираше Андоновски.

To top