Останати спортови

Македонија ја добо групата за Били Џин Кинг Купот

Македонија ја добо групата за Били Џин Кинг Купот

Женската тениска репрезентација на Македонија доби тешки противници во Били Џин Кинг Купот или поточно Втората Евроафриканска зона што ќе се игра во Вилнус (Литванија).

Ние сме во групата А заедно со селекциите на Хрватска и Естонија.

Инаку фаворит број еден во Вилнус е селекцијата на Хрватска, која откако испадна лани од Првата зона „сака брзо“ враќање, па затоа во составот на нашиот следен противник се: Дона Векиќ (36.место), Петра Мартиќ (61), Антонија Ружиќ (207), Леа Бошковиќ (222) и Ива Приморац (490).

Македонија во мечот од 1.коло ќе игра против Естонија, која е предводена од ветеранката Каја Канепи (226.место на ВТА листа), но за репрезентацијата последен пат играла во 2015 година. Покрај неа во составот се Елена Малигина, Мален Нуди, Ингрид Нил и Лаура Рахнел.

Нашата репрезентација на овој настан е во состав Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова.

To top