Еве еден рецепт кој бил многу омилен кај нашите постари генерации, рецепт кој во денешно време народот се страми да го прави затоа што потекнува од сиромашните времина иако ова јадење е многу вкусно и корисно за да не го фрламе стариот леб.
Состојки:
Стар Леб
Кајмак
Путер
Сирење
Вода
Млеко
Сол
Начин на Приготвување:
Во едно длабоко Тенџере ставете малку вода, посолете ја и ставете Путер. Кога водата це проврие смалете го оганот и додајте го млекото и сувиот леб.Промешајте и оставете да се впие млекото и водата во лебот само пажливо да не се претвори во каша. Додајте го сирењето и кајмакот. Јадете додека е топло но не врено.