На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 27 степени.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена облачност.