На 05.04.2024 во 20:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.Т.(51) од Штип затоа што околу 20:00 часот пред вратата на неговиот сосед М.Г.(48) од Штип агресивно се однесувал и му се заканил со остар предмет.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.