На 05.04.2024 во 09:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 08:45 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на Гази Баба, Б.М.(44) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.