Македонија

Мицкоски од Струга: Државата е одземена од рацете на народот и подарена на тацна на стотина луѓе од ДУИ и измеќарите на СДСМ

Мицкоски порача народот ќе излезе масовно и ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, бидејќи доста е гледање како пропаѓаме како држава и доста е од политичари кои не го слушаат својот народ.

Мицкоски од Струга: Државата е одземена од рацете на народот и подарена на тацна на стотина луѓе од ДУИ и измеќарите на СДСМ

Можеби ова се најтешките предизвици за државата, и тоа не се само времиња во кои ќе нотираме дека во државата не чини, туку државата не е ниту на крстопат. Таа е тргната по удолница, во пропаст. Нашата задача не е само да ја промениме оваа власт, туку да ги исправиме работите, да ја вратиме земјата на народот и да го изградиме одново системот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Струга.

Мицкоски истакна дека ова што го имаме сега во државата, е се друго, само не е контрола на народот врз својата Македонија.

– Македонија е одземена од рацете на народот, и подарена на тацна на стотина луѓе од ДУИ и измеќарите на СДСМ. Во оваа земја со слабата власт на Ковачевски, стопан стана Али Ахмети. Падна митот за Али што владееше во ДУИ дека сите краделе, ама ете само тој бил чесниот. Падна митот во моментот кога гледаме како негови роднини 20 годишни деца купуваат зграда среде Скопје од неколку десетина милиони евра. Падна митот за чесноста на Али во моментот кога го видовме дворецот во кој живее, како некој блискоисточен шеик, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека овие избори меѓудругото се и за тоа, дали ДУИ ќе продолжи да владее или ќе ја испратиме во опозиција, дали Али и стотина разбојници од ДУИ поддржани од измеќарите СДСМ се посилни од два милиони народ на кого донесоа порази и одземено достоинство.

– ДУИЗАЦИЈАТА на Македонија не значи само девастирање на институциите и системот, туку и одземена контрола на народот над државата. И кога ќе речам народот, тука мислам на сите граѓани на Македонија. Затоа што сите подеднакво страдаат од тоа што тандемот Ковачевски Ахмети и го прават на Македонија. Македонија е посилна од оваа тесна клика која сака да управува со животите на сите. И силата лежи на овие избори, во моќта да се преземе контрола над своите судбини и да се заокружат промените. И таа сила е народот. Доаѓа крајот на тие кои печалат над несреќата на народот, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека бранот на промени ќе биде голем и за Стево Пендаровски, човекот е без став, служи за надополнување и потврдување на штетните политики на власта.

Мицкоски порача народот ќе излезе масовно и ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, бидејќи доста е гледање како пропаѓаме како држава и доста е од политичари кои не го слушаат својот народ.

Промените ќе ги започне професорката Гордана Силјановска Давкова. Гласајте и заокружете го бројот 2, затоа што тоа значи крај на понижувања, крај на поразите кои ги преставуваат од власта за победи. Крај на непромислената и лековерна политика зад која седат лукративните интереси на стотина политичари. Гордана е жена со став и принципи. Како и сите нас, и таа можеше да си одбере мирен и спокоен живот, но е во политиката затоа што има знаење, има интегритет и затоа што сака заедно со нас, со народот да ги менува работите на подобро. Изборот на Гордана за претседател е избор за горда Македонија, држава која ќе се води со знаење и со ставови. Човек со свое обележје и лидер кој ќе ја преставува и брани Македонија во светот, изјави Мицкоски.

To top