Јована Јоксимовиќ во емисијата „Уранка“ се осврна на темата за наводното постоење на „генот за дебелина“, откако познатата Опра Винфри зборувајќи за својот изглед и тежина истакна дека се занимава токму со тоа.
Таа разговараше со своите гости за тоа дали она што го кажа Опра може да биде вистина или не.
View this post on Instagram
– Сосема е точно и одлично, тој дел од нејзината лична изјава, бидејќи дебелината спаѓа во оние болести каде што човекот е жигосан, обележан. Тоа е како кога имате витилиго, па секој што ќе влезе… – започна д-р Јагода Јорга.
– Така е. Па, јас имам витилиго и сите што влегуваат ми велат: „О, имаш нешто бело“. Навистина добро ја направи таа споредба, вистина е – рече Јована покажувајќи кон нејзиното лице.
View this post on Instagram
Витилиго е болест која се карактеризира со бели дамки на кожата, а освен белите дамки, нема други физички манифестации.
Се проценува дека од 0,5 до 2 отсто од светската популација страда од оваа ретка болест.
View this post on Instagram