Свет СБУ

Украина ја нападна руската воздухопловна база во Ростовската област и уништи шест руски воени авиони

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле 44 украински беспилотни летала над територијата на Ростовската област.

Украина ја нападна руската воздухопловна база во Ростовската област и уништи шест руски воени авиони

Украина ја нападна руската воена воздухопловна база Морозовск во Ростовската област и уништи шест руски воени авиони во заедничка операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ) и армијата, изјави украински разузнавачки извор.

Тој не кажа каде е извршен нападот, но наведе дека е причинета штета на уште осум руски воени авиони.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле 44 украински беспилотни летала над територијата на Ростовската област.

Како што прецизираше регионалниот гувернер Василиј Голубев, целите биле уништени во Морозовскиот регион, а во нападот, во кој, според него, нема повредени, лесно е оштетена електричната трафостаница и прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Тој објасни дека поради оштетување на далноводот, околу 600 жители на тој регион изутрината останале без струја.

Најнови вести од Свет

To top