Фудбал

Лионел Меси предизвика скандал

Лионел Меси предизвика скандал

Американските медиуми ја пренесуваат веста дека натпреварот помеѓу Интер Мајами и Монтереј имал и „трето полувреме“, а во центарот на скандалот се нашол токму Лионел Меси.

Аргентинецот не настапи поради повреда и од трибините го проследи поразот на својот тим (1-2), но по мечот предизвикал инцидент со стручниот штаб на противничкиот тим и наводно упатил погрдни навреди за претставниците на Монтереј.

КОНКАКАФ веднаш најави истрага за целиот случај, а доколку биде докажана вина кај Меси, тогаш тој ќе се соочи со казна која може да подразбира и суспензија за настап на неколку натпревари. Од двата клуба официјално не излегоа со повеќе детали, но јавноста очекува да дознае повеќе набргу.

To top