Македонија

Ласовска: На 24 април и на 8 мај граѓаните ќе ја испорачаат најголемата анкета и СДС ќе бидат испратени во длабока опозиција

Ласовска: На 24 април и на 8 мај граѓаните ќе ја испорачаат најголемата анкета и СДС ќе бидат испратени во длабока опозиција

„Гледаме една медиумска хистерија дека ние сме имале потреба да порачуваме некакви наместени анкети и излеговме како партија со став. Кажавме дека не само што тоа не е точно, туку дополнително дека и ќе ги тужиме. Се јави и сопственикот кажа дека исто така и тој ќе тужи. Додека дојде тој процес, најдобрата анкета ќе дојде на избори додека заврши судскиот процес најдобрата анкета ќе ја видат на избори партијата која обвинува за лажни вести“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.

Таа продолжи и истакна дека на 24 април граѓаните ќе им ја испорачаат вистинската анкета.

„Во овие моменти е многу важно што толку многу го потценуваат македонскиот народ. Тие мислат дека македонскиот народ не гледа што се прави 7 години, не гледа дека СДС е партијата која дојде на бранот

„Живот за сите“ а всушност имаме највисока инфлација, државата ни е киднапирана од една мала клика на луѓе кои се збогатија на име на граѓаните. Интересно ќе биде баш на 24 април кога таа анкета ќе им ја испорачаат граѓаните“, кажа Ласовска.

Таа додаде дека на 24 април и на 8 мај ќе биде испорачана најголемата анкета.

„Граѓаните само чекаат да дојде 8 мај и тоа ќе биде празник на Македонија кога ќе ги испратат во длабока опозиција за која е здраво и добро да се оди во опозиција да ги согледаат грешките што се направени. Она што треба да го научат е дека треба да си ја сакаат државата, да не не’ срамат бидејќи во последните години не срамеа со виткање на кичма во сите светски метрополи со голем број на предавства што се направија“, посочи Ласовска.

Најнови вести од Македонија

To top