Денеска (03.04.2024) во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода биле опожарени патничко возило „фолксфаген џета“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, и патничко возило „форд фокус“ со српски национални ознаки, сопственост на Н.С. од Р.Србија.
Од пожарот зафатен бил и дел од фасадата од приземјето на зграда, а оштетени биле и прозорци.
Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.