Ракомет

Хансен става крај на кариерата по Игрите во Париз

Хансен става крај на кариерата по Игрите во Париз

Данската ракометна ѕвезда и трикратен светски шампион Микел Хансен објави денеска дека ќе се пензионира „ова лето“ по Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август.

„Ова лето е вистинско време да ги закачам моите патики на ѕид, сè додека сум целосно ангажиран во тоа што го работам“, изјави 36-годишната ракометна легенда на прес-конференција во Копенхаген.

Кариерата ја започна во ГОГ Гудме, а продолжи во Барселона, Копенхаген, ПСЖ, за кој настапуваше десет години, а изминатите две сезони е член на Алборг.

Со Данска освои три светски златни медали, едно европско и олимписко и многу други одличја на големите натпреварувања.

To top