Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има проактивен пристап во градење на услови за останување на младите во Македонија, од креирање на подобра бизнис клима, систем на владеење на право до политики и мерки кои ќе го олеснат процесот на младите за стекнување на сопствен дом.
Мерката “Купи куќа за млади” која во минатото даде големи резултати, ќе се обнови, но и подобри. Целта е илјадници млади да дојдат до свој дом, да го градат семејството во Македонија и да живеат и творат тука.
Преку мерката “Купи куќа за млади” се дава сигурност на младите дека Македонија мисли на нив и дека им овозможува услови за добар и просперитетен живот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има младите и луѓето на прво место, за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце, стои во соопштението на партијата.