Македонија Правосудниот систем мора да профункционира

Муцунски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го реформира правосудниот систем не преку зборови туку преку дела

„Токму тоа ќе биде еден клучен предизвик за секоја идна Влада, таа идна Влада посебно што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Како прво да го реформираме правосудниот систем, не преку зборови туку преку конкретни дела“, укажа тој.

Муцунски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го реформира правосудниот систем не преку зборови туку преку дела

Имаме генерално ужасна состојба во целокупниот правосуден систем. Често се случува и самите судии и обвинители да не се виновни за тоа колку е лошата состојба во правосудниот систем. Тоа е бидејќи имате лошо креирање на политики и систем кој што е создаден каде што преголемо влијание имаат носителите на политички одлуки во правосудството, истакна Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Алсат телевизија.

Муцунски додаде дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го реформира правосудниот систем не преку зборови туку преку дела.

„Токму тоа ќе биде еден клучен предизвик за секоја идна Влада, таа идна Влада посебно што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Како прво да го реформираме правосудниот систем, не преку зборови туку преку конкретни дела“, укажа тој.

Муцунски посочи дека секој еден кој што се огрешил пред законот ќе одговара. Правосудниот систем мора да профункционира во Македонија.

„Граѓаните ќе очекуваат и одговорност, одговорност која што нема да биде само провизорно туку одговорност која што ќе значи дека доколку некој сторил кривично дело и има докази и индиции за тоа, дека системот ќе најде начин како тој да го казни“, појасни Муцунски.

„Оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ, актуелното раководство, нашите кандидати за пратеници, нашите градоначалници ширум Македонија последните месеци и години покажуваат дека политиката може навистина да биде поинаква и политиката може да биде позитивна и успешна“, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top