Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 02.04.2024 година (вторник)
– поради зафати во водоводната мрежа, односно монтажа на регулатор на потисна водоводна цевка со пречник од Ф-125 мм, во с. Сопиште, (под пумпената станица), од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Сопиште, Ракотинци и Добридол. (Општина Сопиште)
– поради зафати во водоводната мрежа на ул. Римска пред куќен бр. 3А, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Њуделхиска, Бахар Моис, Римска, Панче Пешев и Наум Евро. (Општина Карпош)