Обединетите нации соопштија дека една од нивните канцеларии во градот Газа била гранатирана во текот на ноќта, велејќи дека добиле „извештаи за смртни случаи и повредени“ меѓу цивилите кои биле засолнети таму.
„Ова е погрешно во секоја смисла. Цивилите, цивилната инфраструктура и неповредливоста на објектите на ОН секогаш мора да бидат заштитени“, објави администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Ашим Штајнер на платформата Х (Твитер). (МИА)