Низа хумани акции, експресна помош за сограѓаните, несебичност и посветеност. Македонското Патриотско друштво многу пати досега докажа дека е тука да помогне секаде каде има реална потреба за тоа.
Сторијата која деновиве ја вознемири македонската јавност, со семејството кое нема можност да си обезбеди ниту храна, членовите на ова друштво ги натера веднаш да дејствуваат и помогнат.
-Патриотско друштво не спие и не одмора туку реагира за помалку од 24 часа! Откако слушнавме за состојбата во која се наоѓа семејството Николовски од кратовско Секулица, веднаш излеговме на терен. За семејството успеавме да обезбедиме намирници во вредност од 18.000 денари со кои тие ќе можат да ја поминат зимата, велат тие во изјава за Курир.
Намирниците вклучуваат: 50 конзерви туни, 20 литри зејтин, 10 килограми брашно, 60 килограми ориз, грав и леќа, 28 месни нарезоци, 4 чоколади, 15 пасти.
-Доколку би сакале да помогнете на семејството и на други Македонци во слична ситуација, можете да нѐ исконтактирате за повеќе информации. Биди Македонец кон Македонецот, порачаа тие.
На фотографиите кои ги прават за време на донациите, членовите на Патриотското друштво го кријат својот идентитет од едноставна причина – не им е важно некој да знае дека токму тие донирале, туку единствена цел им е нивната помош да дојде каде што е потребна.