Денот на шегата – 1 Април денеска ќе биде одбележан со повеќе настани. Традиционално најмладите се маскираат со ликовите на омилените јунаци од цртаните филмови, и на повеќето организитени настани по повод денот на шегата се избираат најдобрите маски.
Денес, 01.04.2024 година со почеток од 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи априлијада, информираат од Општина Гази Баба.
За добрата детска забава ќе бидат задолжени Светот на Биби и детскиот фестивал Поточиња, а дечињата ќе имаат можност да другаруваат со омилените ликови од детските цртани филмови.
– Ги покануваме сите граѓаните да присуствуваат, повикаа од Општина Гази Баба.