Ракомет

Нови победи на Вардар и Алкалоид

Нови победи на Вардар и Алкалоид

Ракометарите на Вардар тешко го преживеаа гостувањето кај незгодниот Охрид и по голема борба славеа со 25:27.

Најзаслужен за победата на Вардар беше Хансер Родригез кој постигна десет гола, додека за домаќините по четири гола постигна Олјески, Оројникидзе и Гал Цицар.

Во вториот натпревар, Бутел се покажа како тврд орев за македонскиот вицешампион, првото полувреме беше изедначено, а така и заврши, на одморот се отиде со резултат од 12-12.

Отпорот на домаќините беше скршен во текот на второто полувреме кога Алкалоид успеа да се одлепи и на крајот да ја сочува предноста за победа од 23-20.

To top