Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека воени авиони извршиле напади врз „терористичката инфраструктура во Сирија“ како одговор на вчера истреланите ракети од Сирија кон Голанската висорамнина.
Не е прецизирано кои локации биле цел на нападот, пишува Тајмс оф Израел.
Голанската висорамнина е регион на Блискиот Исток кој зазема околу 1800 км2 и сега е под контрола на Израел, како директна последица од Шестдневната војна, а претходно бил под сириска контрола. ООН го смета регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“. (МИА)