Свет напад

Напаѓачот се предаде со рацете во воздух, заложниците ослободени: Заврши заложничката драма во Холандија

Во источниот холандски град Еде, заврши заложничката криза од утринава.

Напаѓачот се предаде со рацете во воздух, заложниците ослободени: Заврши заложничката драма во Холандија

Во источниот холандски град Еде, заврши заложничката криза од утринава.

Вооружен киднапер заробил неколку вработени во кафулето. Прво пушти тројца, а потоа маскиран, со рацете во воздух го напушти кафулето. Полицијата веднаш го приведе, а дека драмата завршила потврди и градоначалникот на Еде. Најпосле, четвртиот, последен заложник го напуштил кафулето.

Веднаш по добиените информации за киднапирањето, полицијата евакуирала 150 домови и побарала од граѓаните да се држат настрана од областа. Тие додадоа дека нема индикации дека мотивот на киднаперот е терористички по природа.

Околу 11:30 часот полицијата соопшти дека тројцата заложници се ослободени, а околу 12:30 часот од кафулето излегло маскирано лице, на кое полицијата веднаш и ставила лисици и го привела. Последователно беше потврдено дека се работи за киднаперот, чии мотиви сѐ уште не се познати.

To top