Франција соопшти дека упатила барање до многу земји да испратат повеќе од 2.000 полицајци за да помогнат во обезбедувањето на Олимпијадата во Париз ова лето.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека барањето за странска безбедносна помош е поднесено во јануари, за распоредување на 2.185 полицајци.
Се бара од полициските службеници да помогнат во осигурување на безбедноста на Игрите и зајакнување на меѓународната соработка, соопшти Министерството.
Ова е класичен пристап на земјите домаќини за организација на големи меѓународни настани, додаваат од Министерството.
Така Французите испратија 200 жандарми на Светското првенство во Катар во 2022 година. Франција, исто така, минатата година беше домаќин на припадниците на европските безбедносни сили на Светското првенство во рагби.