Времето утре ќе биде претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер (60 km/h) од југозападен правец.
Во Скопје претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Попладне сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во петок времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во сабота времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во недела времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.