Фудбал

Проблеми со повреди за Анчелоти и Гвардиола пред дуелот во ЛШ

Проблеми со повреди за Анчелоти и Гвардиола пред дуелот во ЛШ

Пред меѓусебниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, двајцата тренери Гвардиола и Анчелоти ги очекуваат своите фудбалери кои имаат обврски со националните тимови. Сепак, и двајцата може да се соочат со проблеми, со оглед дека некои од играчите вечерва се пожалија на повреди.

Покрај Кајл Вокер, Манчестер Сити сега стравува да го загуби и Џон Стонс, кој се повреди за Англија на дуелот со Белгија. Централниот дефанзивец веднаш побара замена, уште во 9. минута и беше заменет од Џо Гомез.

Од друга страна Реал Мадрид би можел да остане без Едуардо Камавинга. Играчот на „кралевите“ го напушти теренот во 44. минута од средбата Франција – Чиле поради повреда. Кога ќе се врати во Мадрид, ќе се знае дали и колку ќе паузира.

To top