Авангардната уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина денеска на 69-годишна возраст, потврди за српските медиуми нејзината пријателка Билјана Петровиќ.
Милошевиќ почина во Земунската болница по кратко боледување, а датумот и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.
Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3-ти октомври 1955 година и важеше за икона во осумдесетите во Југославија .
Првиот самостоен настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што ја освоила „Гран при“.