Португалските репрезентативци во понеделник навечер допатуваа во Љубљана, каде во пријателски натпревар ќе и гостуваат на Словенија. Кристијано Роналдо за прв пат пристигна во Словенија.
Очекувано, на аеродромот и пред хотелот во Љубљана се собра толпа навивачи на португалскиот ас, но останаа „со куси ракави“. На љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“ уште пред пристигнувањето на авионот се собраа многу обожаватели на Роналдо, главно деца, со надеж дека ќе ја видат португалската ѕвезда. Но, поради посебните безбедносни мерки беше невозможно да се дојде до португалските фудбалери. Откако авионот слетал, на пистата ги чекал автобус кој во придружба на полицијата ги однел до хотелот.
Португалците ноќта ја минаа во елитен хотел во центарот на градот, каде исто така ги чекаше толпа луѓе, но и таму не можеа да им пријдат. Како што е најавено, португалскиот тим ќе остане во хотелот до натпреварот, а изнајмиле цел дел од хотелот, па ќе бидат строго одвоени од останатите гости.
👋 Eslovénia 🇸🇮 pic.twitter.com/3AkaKEQTrw
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) March 25, 2024