Поради водоводен дефект, без вода од 10 часот се корисниците од улицата „Браќа Реџепагиќ“ и дел од „Ресенска“ и „Дижонска“, во скопската општина Чаир.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.