Свет Нова иднина

Ким Јо Џонг: Кишида изрази желба за средба со лидерот на Северна Кореја

Некои експерти проценуваат дека Северна Кореја сака да ги подобри односите со Јапонија за да го ослабне трилатералното безбедносно партнерство на Токио, Сеул и Вашингтон, како и дека Кишида со овој потег сака да го зголеми својот опаѓачки рејтинг во Јапонија.

Ким Јо Џонг: Кишида изрази желба за средба со лидерот на Северна Кореја

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, денеска изјави дека јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна изразил желба да се сретне со него.

Ким посочи дека таквата средба не зависи само од волјата на Кишида и дека Јапонија ќе се смета за непријател „кога јасно ги крши суверените права на Демократска Народна Република Кореја“, но додаде дека двете земји можат да отворат нова иднина доколку Јапонија се одлучи за патот на меѓусебното почитување.

Некои експерти проценуваат дека Северна Кореја сака да ги подобри односите со Јапонија за да го ослабне трилатералното безбедносно партнерство на Токио, Сеул и Вашингтон, како и дека Кишида со овој потег сака да го зголеми својот опаѓачки рејтинг во Јапонија.

САД и Јужна Кореја ги прошируваат заедничките воени вежби и трилатералните вежби со Јапонија од 2022 година како одговор на тестирањето оружје кое го изврши Пјонгјанг.  (МИА)

To top