Словенечкиот ски-скокач Петер Превц победи денеска на скокалницата во Планица, во натпреварување во рамките на Светскиот куп.
Превц освои вкупно 452,1 поен до кои стигна со скокови од 237,5 и 231 метар.Втор беше Австриецот Даниел Хубер со 448,5 поени, а трет Норвежанецот Андре Јохан Форфанг со 441,3 поени.
Лидер во вкупниот пласман на Светското првенство е Австриецот Штефан Крафт со 2.099 бодови, втор е Јапонецот Рјоју Кобајаши со 1.662, а трет е Германецот Андреас Велингер со 1.470 бодови.