За време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Во недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање.
Од УХМР најавуваат дека, во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд. Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.
Во Скопје за време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладе ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, проследени со силен ветер (над 60 km/h).
Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во четврток.