Македонија На дело

ВМРО-ДПМНЕ: Искрениот Стево кој кажа дека и при промена на власта европскиот пат продолжува, најдобро ги демантира лагите на Пендаровски на кои сега ја темели кампањата

Можеби скапите странски стратези го советувале дека треба да игра на картата на поделби, на етикетирања и претставување на работите црно или бело, но еве да го разочараме дека тоа во оваа кампања нема да му помине, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Искрениот Стево кој кажа дека и при промена на власта европскиот пат продолжува, најдобро ги демантира лагите на Пендаровски на кои сега ја темели кампањата

Пендаровски на дело го покажа своето лицемерие. Соочен со тоа дека има зад себе мандат кој ќе остане запомнат по неговата конфузност, катастрофални изјави, и себедемантирање, тој посегнува по ниските лаги во предизборието. Можеби скапите странски стратези го советувале дека треба да игра на картата на поделби, на етикетирања и претставување на работите црно или бело, но еве да го разочараме дека тоа во оваа кампања нема да му помине, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пендаровски се обидува да го наметне наративот дека само тој и СДСМ биле проевропска опција и дека ако не биле тие на власт евроинтеграциите ќе пропаднат. И оваа реторика на поделби му се појави сега кога се наближија изборите, што само покажува дека на Пендаровски не му преостана ништо друго освен да сее магла. Но и самиот Пендаровски не верува на оваа реторика. Тој во момент на искреност, која ретко ја имал, признава дека и при промена на власта Македонија нема да отстапи од својот европски курс и евроинтеграциите ќе продолжат. Да го цитираме: “ мојата проценка од оваа позиција во која се наоѓам, кај што можам да ги гледам процесите и информациите од еден друг аспект и да имам и повеќе информации, од просечниот граѓанин кој си има и други приоритети во животот, е дека стратешката насока и при евентуална промена на власта нема да се менува“ (затворен цитат), велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:

„Фала многу на искрениот Стево кој најдобро го демантира Пендаровски кој сега пробува да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, кој оди на меѓународни конференции и ја кодоши ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека така ќе добие поголема поддршка. Епа се лаже. Овој изблик на искреност на Пендаровски пред некое време е најдобриот одговор на сите лаги на кои тимот на Пендаровски ќе ја гради кампањата“.

Најнови вести од Македонија

To top