Македонија избори 2024

Таравари ги соопшти условите за идни коалиции

Арбен Таравари – претседателскиот кандидат од Европскиот сојуз за промени денеска на прес-конференција го потврди ставот дека нема да коалицираат со партија која е против уставните измени и е против бришењето на дваесте проценти за албанскиот јазик. Тој вели предуслов за започнување на преговорите за коалицирање е европскиот пат за Македонија.

„Мицкоски некаде во април или март имаше интервју за `Коха`, каде рече дека не му пречи, Заев исто така го кажа тоа кога се случи Преспанскиот договор, Ковачевски и Пендаровски исто така. Мислам дека тоа е веќе нешто што постоело во Македонија, не е нешто ново. Со Уставот од 1974 година во Македонија официјални јазици беа македонски, албански, турски, немаа ни проценти, ни бројка. Ако ни најдат еден Устав во светот каде што употребата на јазик на која било етничка заедница стои со проценти или бројки, ние ќе го тргнеме ова“ рече Таравари.

За евентуално коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, Таравари вели „доколку некој не е подготвен да го продолжиме европскиот пат на Македонија, ние не сме тука“.

„Има еден џентлменски договор меѓу нас дека не би биле никогаш дел од некоја влада која што нема да прифати Македонија да го продолжи европскиот пат, бидејќи немаме друга алтернатива. Ние не сакаме да ни се повтори Букурешт 2008 година и да талкаме уште 10 години, тоа не е добро ни за Македонците, ниту за Албанците, ниту за Турците кои што живеат тука“ рече Таравари.

Најнови вести од Македонија

To top