Мотоциклист од Албанија е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, на влезот во гостиварското село Дуф.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во несреќата учествувале товарно моторно возилo „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.О. од Дуф и мотоцикл „сим 250“ со гостиварски ознаки што го управувал О.Ч.(26) од Република Албанија.
-Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, истакнува Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.