Република Примирје

Во Битола се одбележува 11-ти ноември, Ден на примирјето од Првата светска војна

По повод одбележувањето на 105 годишнината од Денот на примирјето, на церемонијата во Битола ќе учествуваат и цвеќе ќе положат пратеничките во македонското Собрание, Марија Кочовска и Олга Лозановска.

Во Битола се одбележува 11-ти ноември, Ден на примирјето од Првата светска војна

Амбасадата на Република Србија во државава претпладнево на Српските воени гробишта во Битола организира одбележување на 11 ноември, Ден на примирјето од Првата светска војна.

Во има на Владата на Република Србија и Одборот за негување на традицијата на ослободителните војни, ловоров венец ќе положи државниот секретар во Министерството за труд и социјални прашања Дејан Антиќ и српската амбасадорка во земјава, Невена Јовановиќ.

МИА

По повод одбележувањето на 105 годишнината од Денот на примирјето, на церемонијата во Битола ќе учествуваат и цвеќе ќе положат пратеничките во македонското Собрание, Марија Кочовска и Олга Лозановска.

Денес насекаде во светот се одбележува Денот на примирјето, воспоставено на 11 ноември 1918 година, точно во 11 часот кога заврши Првата светска војна.  (МИА)

To top