„Од раните утрински часови, областа на Грајворон е под масовно гранатирање, вклучително и од ракетни фрлачи. Со голема тага (изјавувам дека) двајца цивили загинаа во Грајворон – мажите беа на улица кога ги погодија гранатите. Според првичните податоци две лица се повредени“, напиша Гладков на Телеграм.
Претходно тој објави дека едно лице загинало во гранатирање во Белгород, а две се ранети.
И Русија и Украина соопштија дека одбиле неколку непријателски воздушни напади минатата ноќ и утринава, со зголемено гранатирање во пограничните региони што поттикна евакуација на цивилите од двете страни.