Скопје

Се реконструираат нови 3000 м2 улици во населбата Кисела Вода

Реконструктивен зафат на површина од 3028 квадрати се одвива на неколку краци на улицата “Христо Татарчев”. Нов асфалт добиваат кракот “2”, “8” и “10”. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности на овие сообраќајници кои иако се видно оштетени, не биле реконструирани повеќе од 20 години.

Се реконструираат нови 3000 м2 улици во населбата Кисела Вода

За околу две седмици тие ќе бидат завршени, по што жителите на овој дел од општина Кисела Вода ќе имаат подобри услови за движење и побезбеден сообраќај.

И овој зафат е дел од големиот проект од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за асфалтирање на сите улици во општината, со приоритет на оние кои на реконструкција чекале по триесет и повеќе години. Досега, за овие две години се асфалтирани или поплочени со павер елементи повеќе од 45 км улици.

To top