Желбата на Ретклиф е нов тренер на „црвените ѓаволи“ да биде Герет Саутгејт, селекторот на Англија.
Планот е после настапот на Европското првенство, Саутгејт да седне на клупата на Манчестер јунајтед, а се чини дека славниот англиски фудбалер, а моментно селектор, нема да има ништо против.
Сепак, ваквата идеја не им се допаѓа на навивачите кои сметаат дека Саутгејт не е идеалното решение за нивниот клуб, бидејќи не покажал ништо во репрезентацијата, која, според нив, игра слабо.