Вести

Почина генералниот директор на Фиорентина

Генералниот директор на Фиорентина, Џузепе Бароне почина на 57-годишна возраст како последица на срцев застој, соопшти денеска италијанскиот фудбалски прволигаш.

Почина генералниот директор на Фиорентина

Фиорентина вчера објави дека Бароне е во болница на апарати за одржување во живот, откако колабираше во неделата додека екипата го напушташе хотелот за натпреварот во рамки на Серија А против Аталанта, кој беше одложен.

„Со длабока и неизмерна тага Фиорентина ја потврдува загубата на еден од своите челници, личност која ја одбележи новата историјата на клубот и која никогаш нема да биде заборавена“, се наведува во клупското соопштение.

Бароне, кој почина ден пред неговиот 58. роденден, беше генерален директор на Фиорентина од 2019 година.

Најнови вести од Вести

To top